СО ПЕСНИ И ОРА ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ СВ. ЈОВАН БОГОСЛОВ: Јовчески и Проданоски помеѓу жителите на с.Бонче
Денеска, црква св. Јован Богослов во с. Бонче ја празнува својата слава посветена на овој свет апостол и евангелист – Јован Богослов. На заповед од Господ, св Јован Богослов после раснувањето на Исус Христос на Крстот, и беше како син на Пресветата Дева, кој грижливо и служеше и Ја чуваше се до Нејзиното успение.
Празниците се одбележуваат заедно помеѓу нашите сограѓани. Денес по повод празникот ,,Св. Јован Богослов”, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, го посетија истоимениот манастир во населеното место Бонче.
Нека е за многу години празникот, да сме здрави и живи и да ни е вечна Република Македонија!