МВР едукативно “ќе ги учи” прилепчани како да ги откријат сторителите на: кражба, насилство, разбојништво, измама…

Сподели го ова:





























МВР едукативно “ќе ги учи” прилепчани и останатите граѓани од градовите кои спаѓаат под СВР-Битола, во однос на тоа како да спречат, и како да ги откријат сторителите на: кражба, насилство, разбојништво,измама…

Имено, Секторот за внатрешни работи Битола започнува нова превентивна кампања на подрачјето на целиот сектор. Од денеска и во наредниот период, полициски службеници ќе делат летоци со едукативна и советодавна содржина на граѓаните за начините како да се спречат и брзо да се откријат сторители на кривични дела разбојништво, разбојничка кражба и дрска кражба, насилство, измама и други.

Летоци ќе бидат дистрибуирани на местата каде што се движат граѓаните и каде што најчесто се извршуваат овие кривични дела – во аптеки, спортски обложувалници, менувачници, златарници, колонијални продавници.

На шалтерите, влезовите и касите во објектите ќе бидат поделени и залепени летоци со апел за навремено и брзо пријавување во полиција на броевите 192 и 112) на кривичното дело. Ваквата активност има за цел полицијата и граѓаните взаемно да си помогнат при расчистување на делата, граѓаните да се чувствуваат побезбедни, а полицијата да може побрзо да реагира и да ги открива и приведува сторителите.




Сподели го ова:

Слични објави