Голема посетеност на изложбата која вечерва беше организирана од страна на Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп

Сподели го ова:


Големите заложби на Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ за родовата еднаквост и улогата на жената во сите сфери на општественото живеење, беа тие кои што со текот на времето придонесоа постојано да расти  свеста за фактот дека родовите улоги и покрај тоа што се традиционално дефинирани во нашата земја, сепак се менливи согласно со денешните-брзи современи текови во нашето општество. Она што е битно е самиот факт дека Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп постојано се залага за поголема вклученост на жената во општествената заедница.

Денеска членките на Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп се речиси насекаде застапени во сите сфери на општественото живеење: во семејството, во улогата на сопруга и мајка, а паралелно на сето ова претходно наведено, жените денес извршуваат и други општествени одговорни функции како и други останати работи кои се од јавен интерес како за градот Прилеп, така и за целата наша земја.

Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп од нејзиното основање – па се до денес, се бори за правата на сите жени во нашиот град, како и за се поголема родова застапеност, а во текот на нејзиното досегашно постоење имало повеќе претседателки на Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп. Станува збор за борбени жени кои лавовски се бореле за поголеми права на прилепската жена, и за се поголема застапеност на жените во прилепското општество. Една од тие претседателки е и сегашната претседателка на Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, г-ѓа Ирена Стерјовска Локвенец. Станува збор за жена која што како резултат на големиот интелектуален капацитет, вложува голем број на напори за зајакнување на родовата еднаквост во Општина Прилеп и подигање на свеста на граѓаните за се поголемо препознавање на моќта и способноста на жената во прилепското општетсво, како и препознавање на најголемите способности на жените. Како што знаат прилепчани, Ирена Стерјовска Локвенец исто така е современа, но по душа народна жена, жена од народот, и жена која работи во интерес на народот, со посебен акцент на жените во прилепското општетсво. Во нејзината голема и богата биографија исто така  Ирена Стерјовска Локвенец дава – а воедно и прави големи, вон-сериски напори каде со помош на својот интелектуален капацитет постојано се бори за правата на прилепската жена. Имено, вечерва во организација на Ирена Стерјовска Локвенец и Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп беше организирана изложба во Ликовната галерија во Прилеп.  Станува збор за изложба која е составена од  фотографии од активностите на жени од “Унијата на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ-Прилеп” и тоа во целиот период од нејзиното основање од 1998 година, па се до денес, изложба која предизвика огромен интерес и големо присуство.

Изложбата наиде на голема посетеност, а истата беше организирана согласно пропишаните заштитни-здравствени протоколи за заштита од Ковид 19. Имено, на оваа изложба присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп-Борче Јовчески. Изложбата со поздравен – искрен говор ја отвори Претседателката Ирена Стерјовска Локвенец, која ги поздрави присутните:

Почитувани… Ви благодарам на одвоеното време да ја посетите изложбата која што  ја организира Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп. Оваа изложба е составена од  фотографии од активностите на жени од Унијата на жени и тоа во целиот период од нејзиното основање од 1998 година, па се до денес. На овие фотографии ќе видите и активности спроведени и од сите Претседателки на Унијата на жени…Но сепак, од Унијата на жени имаше и активности и во претходниот период, а врз основа на тоа јас сакам искрено да им се заблагодарам на сите жени за целиот вложен труд. Унијата на жени е навистина ризница на квалитетни жени кои активно се вклучуваат во сите општествени текови, како во нашиот град, така и во нашата држава. Сакам да кажам дека Унијата на жени сите овие години сплотено работи, а сето тоа носи носи повеќе резултати кои се во заеднички интерес на сите жени во Општина Прилеп. Последниов месец извојувавме победа на локалните избори, а исто така имаме и нов градоначалник-Борче Јовчески за кој што сигурна сум дека ќе го направи Прилеп подобар и поубав, бидејќи сите ние заеднички веруваме во него, во неговата способност и неговата отвореност со граѓаните во Прилеп…Имено, исто така сакав само да напоменам дека од вчера од 25-ти Ноември, започнуваат 16 дена активизам против насилството на жените и девојчињата, при што ние сите заедно се вклучуваме во тој активизам, преку нашиот политички ангажман. Ние како жени, се бориме против секаков вид на насилство и против сите табуа-стигматизми кои ги чувствуваме на нашиот грб, но ние сме храбри, искрени, способни и силни. Сакам да нагласам дека преку нас ќе се препознаат многу жени, а ние им испраќаме апел дека истите ги охрабруваме, при што ако самите тие се наоѓаат во некој  тежок момент слободно да ни се обратат, бидејќи ние сме тука да им помогнеме, при што на секоја жена на која што и е потребна помош ние сме подготвени да и подадеме рака…-истакна Ирена Стерјовска Локвенец.

 Говорот на Претседателката на Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, г-ѓа Ирена Стерјовска Локвенец, говор кој што предизвика голем-громогласен аплауз и големи емоции кај присутните на вечерашната изложба, а веднаш после нејзиниот говор, присутните на вечерашната изложба ги поздрави и градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, човекот кој како резултат на неговата искреност, способност и чесност е омилен кај прилепчани. Имено, еве што тој истакна:

“Прво, пред се, сакам да Ви се заблагодарам на ваква продуктивна манифестација, лично и искрено на Вас – активистите на Унија на жени од ВМРО ДПМНЕ-Прилеп кои што навистина покажуваат и допрва ќе покажат колку е голема нивната улога и нивното значење во однос на афирмирање на партијата и на личностите како што бев јас во предизборите, и после изборите… Ви се заблагодарувам на големиот проект… Ова  е една прекрасна слика,  една вистинска слика како изгледа активната жена денеска во нашата Општина. Доколку би се правела анкета, Прилеп навистина води во една ваква организација, на активни жени во Унија на жените.. Уште еднаш Ви благодарам. и Ви честитам за изложбата”-истакна Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави