Вистинска бајка! Точно една година од отворањето на градинката “Бајка” во Прилеп

Сподели го ова:





























Денеска е голем и значаен ден за Општина Прилеп, бидејќи на денешен ден – точно пред една година беше отворена новата детска градинка „Бајка“, сместена во урбаното јадро на населбата Точила – современ и функционален објект кој е дел од Јавната општинска установа „Детски градинки – Наша Иднина“.

Овој капитален проект, со капацитет за над 200 дечиња, е од непроценливо значење за младите семејства во Прилеп.

Со пуштањето во употреба, конечно се стави крај на деценискиот проблем со листите на чекање и обезбедуваме топол, безбеден и стимулирачки простор за најмладите прилепчани. Оваа градинка е исполнета со најубавиот звук – детскиот џагор, а радоста и безгрижната игра на децата се тие кои денес постојано царуваат во оваа детска градинка.




Сподели го ова:

Слични објави