Патот кон Крушево денеска и утре ќе биде затворен за сообраќај од 10 до 12 часот

Сподели го ова:


























Денеска и утре (21 и 22 август) патот Кривогаштани – Крушево ќе биде затворен за сообраќај од 10 до 12 часот, бидејќи од денес започнува меѓународниот FIS Rollerski Cup 2024!

Сѐ е подготвено за старт на новата сезона на меѓународниот FIS Rollerski Cup 2024! На 21 и 22 август во организација на Скијачка федерација на Македонија ќе се одржи осмиот по ред FIS Rollerski Cup Тоше Проески.

Церемонијалното отворање е во вторник (20 август) пред спомен куќата на Тоше Проески, со почеток од 19 часот. Традиционално, купот ќе помине во знакот на спортските трки и одлично дружење помеѓу натпреварувачите, а доделувањето на наградите и затворањето е во четврток (22 август) на Градскиот плоштад.

Врз основа на ова, на 21 и 22 август патот Кривогаштани – Крушево ќе биде затворен за сообраќај од 10 до 12 часот.




Сподели го ова:

Слични објави