Денеска, голем број на верници се поклонија пред светите мошти на Светиот Победоносец Георгиј
Денеска, традиционално на 7-ми мај, вторник, македонските граѓани беа сведоци на најголемата, најторжествената и една од најпознатите во целиот православен свет, сенародната Струшка Еордија (Литија).
Голема маса на народ, денеска зеде учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори. Моштите на Светиот Победоносец Георгиј денеска беа носени од четворица видни граѓани, при што истите беа придружувани и чувани и од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот Манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Св. Јован Крстител.