ЌЕ МОРА ДА ПОЧЕКАМЕ ДА ДОЈДЕ ВИКЕНД: Деновиве дожд, а од сабота сонце и топли температури

Сподели го ова:


























Денеска времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Од петок и во деновите од викендот, ќе имаме топло и стабилно време, меѓутоа како и да е, за да уживаме во топлото и пријатно време ќе мора да почекаме да дојде долго-очекуваниот викенд.




Сподели го ова:

Слични објави