Кромберг & Шуберт за дечињата од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп донираше детски играчки и дидактички материјали
За поттикнување на детскиот развој низ игра и забава, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија БТ ДООЕЛ, денеска донираше детски играчки и дидактички материјали за дечињата од ЈОУДГ „Наша иднина“, – Прилеп.
Ваквите хумани активности и помагањето во заедницата, како и поддршка за установите кои придонесуваат во развојот на здраво општество, се позитивни примери кои Локалната самоуправа на Општина Прилеп секогаш ги поддржува. Во тоа име, изразувам огромна благодарност до компанијата Кромберг & Шуберт, за нивната несебична помош, поддршка и општествена одговорност. Општина Прилеп останува верен партнер со многу компании од нашиот регион кои досега покажале ваква општествена одговорност и заедно со сите нив остануваме посветени во креирање на подобра заедница. Верувам дека ваквите позитивни примери ќе послужат како поттик и за останатите компании за создавање на добри општествени практики, да помагаат и да вложуваат во нашето највредно во заедницата – децата! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.