|

ЧЕСТИТКИ: ЏК “Сеишин” – Прилеп освои дури 16 медали на Државните првенства за деца и јуниори во џудо кои денеска се одржаа во Скопје

Сподели го ова:


























На 26.03.2023 во Скопје се одржаа Државни првенства за деца и јуниори во џудо. На овие првенства, настапија околу 150 натпреварувачи од сите клубови од Македонија.
ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи при што овој клуб освои 16 медали ( 4 златни,4 сребрени и 8 бронзени).

Деца:
1. Стојковска Тамара 2 ро место
2. Николоска Матеја 1 во место
3. Нарин Ристемоска 3 то место
4. Софија Божиноска 3 то место
5. Владан Стрезовски 3 то место
6. Арсениј Димески 2 ро место
Одлични борби прикажаа и децата Бисера Цветкоска, Александар Игнески, Дарио Јованоски и Иван Јошески но не изборија место на пиедесталот.


Јуниори:
1. Мартина Јанкоска 1 во место
2. Кристина Мантроска 1 во место
3. Елеонора Илиоска 3 то место
4. Теа Настоска 3 то место
5. Теона Настоска 3 то место
6. Никола Магдески 1 во место
7. Георгиј Магдески 2 ро место
8. Сеадин Ристемоски 2 ро место
9. Михаил Стојановски 3 то место
10. Михаил Димоски 3 то место
Одлични борби прикажа и Јован Стојановски со две победи и две загуби но не успеа да избори место на пиедесталот.

Од ЏК Сеишин – Прилеп, истакнуваат дека се задоволни со остварените резултати и дека продолжуваат со настапи на државно и меѓународно ниво.




Сподели го ова:

Слични објави