КАКВА ЌЕ БИДЕ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА? Зибери, денеска ќе има состанок со претседателот на Регулаторната комисија
Насер Зибери- Народниот правобранител, денеска ќе има состанок со Бислимоски-претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Основната-првична тема на овој работен состанок е иницијативата поднесена од канцеларијата на Народниот правобранител за менување на регулативата која се однесува на отчитувањето на струјомерите, а со тоа да се направат и измени во однос на досегашната пракса. Врз основа на иницијативата, ќе се бара континуирано и навремено отчитување на состојбата на електричните броила за потрошена струја, се со цел потрошувачи да се обврзуваат за плаќање само на оној износ за електрична енергија која реално ја потрошиле.