ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СИ ГО БАРААТ СВОЕТО-Денес беше блокиран патниот правец Прилеп-Градско од 11 до 13часот

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, надвор и текст кој вели „1සය DEUTZ 0450 цабе златото без храна на MACATA 2AB валкани раце чиста душа землодель памтат“

Со блокирање на патниот правец Прилеп-Градско од 11 до 13 часот денеска земјоделците ги искажаа своите барања до Владата. Имено, земјоделците од Пелагонија, Радовишко и Тиквешијата, протестираа цели 2 часа со блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско. Како што истакнуваат земјоделците, ова е предупредувачки протест, а доколку нивните барања не бидат испочитувани од надлежните, ќе следи и генерален земјоделски штрајк. Исто така земјоделците бараат надлежните институции да остварат средби со претставници од земјоделските здруженија, се со цел за да ги слушнат нивните предлози и конкретни барања.





Сподели го ова:

Слични објави