Прилепскиот градоначалник Јовчески како делегат на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа

Сподели го ова:


Прилепскиот градоначалник Јовчески денеска беше во Скопје како делегат на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, а по тој повод се огласи и самиот тој на социјалните мрежи при што напиша: “Денес присуствував на конститутивната седница на ЗЕЛС, како делегат на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Едногласно беше избрана градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за претседател на ЗЕЛС, заедница која што ги обединува сите 81 општина во Република Македонија. Честитам за изборот за претседател на Данела и сигурен сум дека сите заедно ќе ги исполниме зацртаните цели кои во целост ќе ги застапуваат интересите на граѓаните. И како што кажа новиот претседател на ЗЕЛС, главна цел во наредниот четиригодишен мандат ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиска стабилност и независност на сите општини.Воедно сакам да се заблагодарам на честа што сум избран за член на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.Секогаш во интерес на граѓаните, заедно продолжуваме кон реализирање на проектите”-напиша Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави