Циркус во прилепско! Ги украл парите од апаратите во обложувалницата, па пријавил дека тоа го направило непознато лице

Сподели го ова:





























Врз основа на информациите од МВР, Секторот за внатрешни работи – Битола поднесе кривична пријава против А.С.(34) од с.Дебреште – прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“.

Пријавениот на 20.05.2025, пријавил дека во спортска обложувалница во с.Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари. Меѓутоа, по преземени мерки и активности се констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со подесен алат.




Сподели го ова:

Слични објави