ПРОДАНОСКИ: Венко Филипче денес бил во Прилеп – без никаков срам говорел за здравството во Македонија, за истото она здравство кое тој како министер го уништи
Во организација на Општинската организација на СДСМ Прилеп, вечерва во кино салата на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа трибина на која гостин беше поранешниот министер за здравство Венко Филипче. На трибината, Филипче говорел за состојбите во македонското здравство во периодот кога тој се наоѓаше на чело на Министерството.
Посетата на поранешниот министер во Прилеп, предизвика бурни реакции, посебно кај оние лица кои додека Филипче беше министер за здравство, претрпеле голем број на штети.
“Венко Филипче денес бил во Прилеп. Без никаков срам говорел за здравството во Македонија, за истото она здравство кое тој како министер го уништи. Да се потсетиме дека жртвите од ковид пандемијата во Прилеп беа само бројки за него и Прилеп беше на првото место по смртност. Исто така без срам и локалното раководство на СДСМ го поканиле озогласениот доктор, поранешниот министер за здравство на трибината каде што прилепчани само ќе ги потсетат на еден тажен период за сите нас, период на ковид пандемијата” – истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски на социјалните мрежи, а веднаш под неговата oбјава започнаа да се редат голем број на коментари кои го поддржаа ставот и мислењето на Проданоски.
Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, очигледно е дека како Проданоски мислат голем број на прилепчани.