ШТО ЛИ ЌЕ СЕ СЛУЧИ: Инспектори ќе спроведат инспекциски надзор во прилепската болница


Прилепската јавност, сеуште е растревожена по објавата за ужасната глетка за починатиот Горан Димески од Прилеп, кој што пред некој ден беше пронајден мртов како лежи на клупа пред прилепската болница со ампутирана нога. Како што изјавува неговиот брат Зоран на социјалните мрежи, смртта кај Горан настанала поради тоа што починатото лице било исфрлено од оваа прилепска здравствена установа, после подолго лекување.
“Човекот односно братот мој ја изгуби битката со Белите корумпирани мантили !!! ПОЧИНА ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТА!!!” – беа зборовите на Зоран Димески, со кои самиот тој ја соопшти трагичната вест за својот брат, на својот Facebook профил.
Од прилепската болница излегоа со известување дека кога раната на веќе починатото лице веќе била затворена и неговата општа и локална состојба била подобрена, пациентот бил испишан на 14.08.2022 година.
Меѓутоа, овој случај нема да заврши тука. Веќе два дена во јавноста се зборува дека нареднава недела, се очекува инспектори да направат т.н. вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, каде што целосно ќе се проверува целокупната медицинска документација со која располага прилепската болница за починатото лице.
















