КАДЕ ЌЕ ИМ ОДИ ДУШАТА! Измамиле бабичка – и зеле 10.000 евра

Сподели го ова:

Вчера во 18:30 часот, 83 годишната жена, пријавила во СВР Куманово, дека била измамена за сума од 10.000 евра, откако измамник ја излажал дека ќерка ѝ имала сообраќајна незгода во соседна Србија, при што таа на лицето му дала пари – за наводната операција на сопствената ќерка.

Според пријавеното, најпрвин вчера и се јавило лице што и кажало дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода во Република Србија и била потребна одредена сума на пари за да се изврши операција и дека наскоро ќе и се јави лекарот да се договорат за износот на операцијата. Како што е пријавено, набргу се јавило лицето и откако се договориле ги оставила парите пред влезната капија во нејзиниот двор. Исто така, според пријавеното, откако се слушнала со нејзината ќерка, која и кажала дека е добра, сфатила дека е измаменa.



Сподели го ова:

Слични објави