Градоначалникот Проданоски оствари средба со директорите Алексовски и Жарновиќ
Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски оствари средба со Александар Алексовски, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп и Милјан Жарковиќ, директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп”.
“На средбата разговаравме за значењето на тутунската индустрија за Прилеп. Нашата општина Прилеп е центар на тутунопроизводството и тутунската индустрија во Македонија, како во одгледувањето на тутунот, така и во производството на цигари.
Посебен акцент ставивме на долгогодишното партнерство кое датира од 2014 година, со заедничка определба успешната соработка да продолжи и во иднина.
Беше истакната и важноста на оваа индустрија за развојот на Прилеп, за обезбедување работни места и за придонесот кон македонската економија.
Како локална самоуправа, остануваме посветени на соработката со стопанството и на создавање услови за понатамошен економски развој на општина Прилеп!” – истакна Проданоски.


















