КАДЕ Е МВР? Една од најфрекфентните прилепски улици е секојдневно блокирана од погрешно паркирани автомобили


Градот под Марковите Кули има неколку фрекфентни улици, каде што постојано има движење, како од страна на автомобили, така и од страна на луѓе. Една од тие прилепски улици е улицата “Ленин”, која што фактички е паралелна со прилепскиот булевар. Имено, пешачката патека на оваа улица е постојано блокирана од страна на неправилно паркираните автомобили кои што секојдневно паркираат на пешачката зона, која што е наменета за пешаците и за учениците кои учат во ООУ “Климент Охридски”.

“Битно е колите да се на пешачка зона, а учениците наместо по пешачката зона, на училиште одат по самата улица, која всушност е една од најфрекфентна улица паралелна со булеварот “Ленин” ало – МВР треба секој ден ѕвонење” -изјавува еден прилепчанец на социјалните мрежи.
Нашата информативна екипа, излезе на терен за да ја провери веродостојноста на оваа информација, при што на лице место ја видовме фактичката -реална состојба. Погрешно паркирани автомобили на секој чекор, а учениците кои брзаа за да стигнат на првиот час, беа приморани да се движат на самата улица, односно да се движат по делот кој што е наменет за непречено движење на автомобилите. Во однос на она што можевме како информација да го добиеме од страна на граѓаните кои живеат на оваа улица, можевме да заклучиме дека состојбата се повторува секој ден, одново и одново. Дел од нашите сограѓани кои живеат на оваа улица ни кажаа дека самите тие често ѕвонеле во полиција – за да алармираат за ваквиот сообраќаен хаос, меѓутоа како што истакнуваат самите: “МВР кога имала – а кога немала време за да дојде да реагира, и на лице место да ги казни ваквите возачи, за кои очигледно е дека “не знаат каде паркираат”.
STANICA.MK

















