ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум
Вечерва заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде што се донесе одлука за граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум.
“Ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието. На оваа иницијатива прво потпишан ќе бидам јас, ИК на партијата, пратениците. По што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата, по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум.

Затоа, референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди ИК на партијата:
Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?
ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа ЗА престанување на важноста на овој штетен договор”- истакна Мицкоски.