ЈП Паркинзи – Битола со чeститка до нивниот колега Дарко Спировски за освоеното трето место во фрлање на копје во пара атлетика на “Србија опен 2026”

Сподели го ова:





























Репрезентацијата на Параолимпискиот комитет на Р. Македонија во пара атлетика, учествуваше на Отворено првенство на Србија во пара атлетика „Србија Опен 2026“, што се одржа во Крушевац, Србија. На првенството настапија натпреварувачи од 7 држави и тоа од: Србија, Северна Македонија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Хрватска, и Босна и Херцеговина, а помеѓу претставниците на Македонија беше и битолчанецот Дарко Спировски кој го освои високото трето место во фрлање на копје.

“Денешната објава ќе ја започнеме со мисла од Американскиот поет, есеист и новинар Волт Витмен (Walt Whitman):

“Секогаш држете го лицето кон сонцето – и сенките ќе паднат зад вас”

Честитки за успехот на нашата Репрезентација на отвореното првенство на Србија во пара атлетика Србија опен 2026 на кое нашите натпреварувачи освоија две трети места во конкуренција од 7 Балкански Држави.

Честитки за нашиот колега Дарко Спировски за освоеното трето место во фрлање на копје. Твоите успеси се и наши успеси а твојата радост е и наша радост.

Најискрено тебе и на целата Репрезентација Ви посакуваме уште многу успеси понатаму во годините кои следат а истовремено сме и горди што си наш колега” – се истакнува во објавата од ЈППЈЛП БИТОЛА.




Сподели го ова:

Слични објави