АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ: Советот на Општина Прилеп организира акција за пошумување на дел од атарот на населеното место Алинци – во близина на градската депонија
Советот на Општина Прилеп на својата одржана седницата на 01.12.2022 година, на предлог на Претседателот на Совет Дејан Проданоски, донесе заклучок за набавка на садници за хортикултурно уредување на површини во Општина Прилеп.
Согласно ваквиот заклучок, Советот на Општина Прилеп организира акција за пошумување на дел од атарот на населеното место Алинци – во близина на градската депонија. Оваа акција ќе биде во недела на 25.12.2022, а за сите заинтересирани граѓани ќе има бесплатен организиран превоз – истиот ден (25.12.2022) во 10.30 пред НУЦК Марко Цепенков.
По повод ваквата акција, се огласи и Претседателот на Совет Дејан Проданоски при што истакна:
“Климатските промени придонесуваат да се загрозува природата и затоа треба да посветиме повеќе внимание на животната средина. Како Претседател на Советот на Општина Прилеп заедно со советниците, посебен акцент ставаме на животната средина, па врз основа на тоа, Советот на Општина Прилеп ќе организира акција за пошумување на дел од атарот на населеното место Алинци – во близина на градската депонија.
Акцијата ќе се реализира на 25.12.2022, недела.
За сите заинтересирани граѓани ќе има бесплатен организиран превоз во 10:30 часот тргнување од пред НУЦК ,,Марко Цепенков”.
Нека оваа наша акција за пошумување, биде пример кој што постојано ќе го следат нашите граѓани и компаниите, бидејќи немаме резервна планета. Сите ние заедно да придонесеме за создавање на поздрава и поквалитетна животна средина, како за сите нас, така и за идните генерации” -истакна Проданоски.
