РАБОТНИ АКТИВНОСТИ НА ПРИЛЕПСКИ ВОДОВОД ВО Н.М. МАЖУЧИШТЕ

Сподели го ова:
















Денес се започна со работни активности околу подрачното ООУ „Климент Охридски“ во н.м. Мажучиште. ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп со свои екипи и работна механизација извршија чистење на  засипан и нефункционален канал за атмосферска вода од пред влезот на училиштето до постоечкиот канал  каде што беше изведен пропуст на патот со цевки  Ф- 300 и должина од 12 метри. Исто така заедно со ЈКП „Комуналец“ Прилеп во наредниов период ќе се направи комплетно расчистување и партерно уредување на училишниот двор. 







Сподели го ова:

Слични објави