ФАТЕН НА КАМЕРА: Раководител на смена фатен како зема мито од 120 евра
Врз основа на информацијата од Албанската телевизија “Клан,” која воедно објави и веродостојно видео, се гледа како Е.Ш. зема мито од 120 евра. Имено, Е.Ш. е Раководител на смена на ГП Блаце, а од она што може да се забележи од неговите фотографии кои се поставени на социјалните мрежи, може да се констатира дека е голем поддржувач на централната власт. Лицето кое ги зело паричните средства како мито, е снимено на камера од страна на новинарот на ТВ Клан, кој се претставил како патник и платил цели 120 евра за да цариникот пропушти шест албански државјани, а при тоа да не бидат направени никакви проверки. Овој новинар се одлучил на ваков чекор затоа што до него-како што се истакнува- стигнала информација од албански превозник дека македонски полицијаци на ГП Блаце постојано му бараат поткуп за услуга која треба да биде бесплатна.