Денеска, нова надеж за ослободување на Јане Ченто и останатите ocyдени за 27-ми април
Адвокатите Митровски, Пешевски и Тимовски денеска до сите пратенички групи и пратеници ќе поднесат предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27-ми Април, при што со ваквиот предлог тие ќе бараат сите оние кои што се осудени на казни затвор до 10 години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, додека пак за осудените над 10 години да се ослободат од 50% казна.
Како адвокат кој практикува кривично право, не наоѓам никакво оправдување за стореното. Но истовремено сметам дека не постои поголема неправда од селективна правда. А цела Македонија е сведок дека со Законот за амнестија од 2018та година, селективно беа амнестирани дел од осудените поради политичко лукративни причини па така Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат итн. додека обичните смртници пуштени низ вода веќе шестта година скапуваат на робија. Од тие причини, а како најголемиот дел од осудените имаат одлежано половина од изречените казни и се пет и пол години во затвор, и особено во насока на исправање на неправдата нанесена со селективната амнестија, го поднесуваме овој предлог Закон до сите пратеници од кои очекуваме да иницираат негово ставање на дневен ред. Се разбира законското решение може и да се доработи од страна на заинтересираните пратеници, за што посочените адвокатски канцеларии стојат на располагање – истакна Митровски.