Цели осумдесет години од загинувањето на Орде Чопела

Точно 80 години од загинувањето на Орде Чопела. По тој повод, денеска прилепскиот градоначалник Јовчески, претставници од Локалната Самоуправа и претставници од СОУ „Орде Чопела“ положија свежо цвеќе на Паркот на револуцијата во Прилеп. На овој денешен настан, прилепскиот градоначалник Јовчески истакна: “Заедно со претставници на Советот на Општина Прилеп и делегација од СОУ „Орде Чопела“ денес положивме свежо цвеќе во Паркот на револуцијата, по повод 80 години од загинувањето на Орде Чопела, народен херој и учесник во НОБ. Слава му!”-истакна Јовчески