Јовчески со поддршка на барањата на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари

Сподели го ова:


























Како градоначалник на општина Прилеп денес остварив средба и ја поддржувам иницијативата на новоформираното Здружение од незадоволни пензионери од здружението на пензионери на Република Македонија, за нивните барања за линерано зголемување на пензиите за 5 000 денари.

Пензионерите се категорија на граѓани кои секогаш ја имаат мојата поддршка и поддршката од Локалната самоуправа на Општина Прилеп. Сметам дека овие барања се реални и суштински потребни за подобрување на социоекономската положба на пензионерот во Македонија.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се насочи кон реализација на барањата на пензионерите, затоа што тоа претставува наша обврска и грижа кон граѓаните од третата доба – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави