Заменик Градоначалникот на Општина Прилеп-Ирена Стерјоска-Локвенец присуствуваше на традиционалното предновогодишно дружење на женското Граѓанско здружение Орхидеја

Сподели го ова:
















Денеска, Заменик Градоначалникот на Општина Прилеп-Ирена Стерјоска-Локвенец присуствуваше на традиционално предновогодишно дружење на женското Граѓанско здружение Орхидеја. Стерјоска-Локвенец на присутните им ја честита новата година и божиќните празници, и им посака пред се, здравје, среќа, радост и големи успеси во новата 2022 година. По тој повод Стерјоска-Локвенец , се огласи на социјалните мрежи, при што истакна: “Денес на покана на женското Граѓанско здружение Орхидеја од нашиот град, заедно со Игор Ламбески присуствувавме на нивното традиционално предновогодишно дружење. Забава, добри мисли и новогодишни желби за здравје и љубов испраќаме до сите наши сограѓани”-напиша Стерјоска-Локвенец на социјалните мрежи. Станува збор за стабилна, способна, и пред се-принципиелна-искрена жена која што како резултат на својата искреност и висок степен на интелектуалност, пред речиси еден месец, градоначалникот Борче Јовчески свечено и го врачи решението “Заменик Градоначалник”, со кое самата таа беше назначена за заменик градоначалничка на Општина Прилеп во случаи на спреченост или отсуство на градоначалникот Јовчески, во согласност со постапката утврдена со статутот.







Сподели го ова:

Слични објави