Граѓаните револтирани од ниските казни за силување и трговија со дете за 13-те монструми

Сподели го ова:





























„Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела. Овие дела не се само сериозно нарушување на правата на жртвата туку и директен напад врз основите на родовата еднаквост и заштита на децата. Изречените затворски казни под законски утврдениот минимум за вакви сериозни дела од организиран криминал, ја минимизираат правата тежина на овие дела и со тоа ја амнестираат кривичната одговорност на сторителите. Ваквите ублажени казни, наместо да ги одвратат од сторување на исти или слични дела може да ги охрабрат мажите во иднина повторно да вршат вакви форми на родово базирано и сексуално насилство. Тривијализирањето на страдањето на жртвите и во јавноста праќа вознемирувачка порака за тоа како нашето општество ја вреднува безбедноста и добросостојбата на девојчињата и жените“, истакнуваат од Платформата за родова еднаквост.




Сподели го ова:

Слични објави