Вечерва во М.Цепенков прилепчани ќе уживаат со маестралните Тино и Атанас
Со новиот ексклузивен стендап, најпопуларното стендап дуо Тино и Атанас вечерва (четврток 15.12.2022) доаѓаат во Прилеп. Станува збор за нивното стендап шоу на македонски јазик -“The one and only”, со кое постојано ги полнат салите низ Македонија – и тоа по неколку пати! Овој настап во Прилеп ќе се случи вечерва со почеток од 20 часот.
Тино и Атанас Ве очекуваат! Со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмеат до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи нивните настапи.
По барање на прилепската публика, овој настан е закажан за денеска во големата сала на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, сала која што ќе биде претесна за да ги собери сите заинтересирани прилепчани, бидејќи еве како што не информираат од продукцијата, постојано се бара карта повеќе за настапот на популарните Тино и Атанас во Прилеп.
Се гледаме на стендап со најпопуларните Тино и Атанас !!!