Гоце Балада, вчера во М. Цепенков повторно на прилепчани им приреди “смеење до солзи”-овој пат со Атанас и Тино
Вчера вечерта, молкот и тишината беа единствената слика која доминираше во прилепската чаршија, и на прилепскиот плоштад. А како да има луѓе во центарот на Прилеп, кога “Балада Арт Продукција” и нашиот добро познат прилепчанец Гоце Балада кој што всушност е добитник на наградата од АКАДЕМИК за најкреативна личност во нашата земја во областа на маркетингот, културата и уметноста, вчера вечерта во М. Цепенков повторно на прилепчани им приреди “смеење до солзи” -а овој пат тоа беше со неговите пријатели и соработници – популарните Атанас и Тино.
Со нивниот ексклузивен стендап, најпопуларното стендап дуо Тино и Атанас вчера вечерва во големата сала настапија со нивното стендап шоу на македонски јазик -“The one and only”. Колку за потсетување, Гоце Балада минатиот месец во Прилеп направи вистински спектакл со најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски . Покрај неговите настапи кој Никола ги имаше во голем број на градови низ Македонија (Охрид, Битола, Скопје…) по барање на прилепската публика Балада Арт Продукција го донесе и во Прилеп. Пред настапите на Никола во Прилеп, со “кратко стендап освежување” минатиот месец настапи и добро познатиот Никола братучед Силјаноски, кој исто така на свој начин ја расположи прилепската публика. Веднаш после него, започна најновиот стендап на Никола Тодороски “Да болиТ”, стендап кој што прилепчанни ги насмеа до солзи, исто толку многу како вчера вечерта со Тино и Атанас.