Честит именден: Благојче, Блага, Блаже… За многу години празникот “св. Благовештение”

Сподели го ова:





























Денеска, 07.04. е празникот “св. Благовештение”- празникот кој што ни ја соопштува убавата, блага пријатна вест со која започнува спасението на луѓето и обновата на созданието, преку најавата за раѓањето на нашиот спасител-Господ Исус Христос.

Еве што точно значи овој голем, светол и христијански празник-Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците и соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека Таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого. По Божја Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на Св. Јован Крстител, се договори со другите свештеници, па собраа дванаесет безжени луѓе од Давидовото племе за да пронајдат еден на кого што би му ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува Нејзината девственост и ќе се грижи за Неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од Назарет, којшто и беше роднина.




Сподели го ова:

Слични објави