ОВАА САБОТА ПОВТОРНО СНЕГ! Овој викенд сите во Крушево!

Сподели го ова:

Информативниот тим на “STANICA.MK” за овој викенд Ви препорачува да уживате во магичното снежно Крушево каде што очигледно е дека новиот снег кој веќе ќе биде од сабота, повторно ќе создаде вистински-идеални услови за скијање. Штом ќе стигнете во Крушево, уживајте во панорамскот поглед на крушевската убавина со помош на жичарата која е во склоп на Хотелот Панорама.

Токму баш жичарата, ќе Ве однесе горе на Станич, каде ќе може да уживате во “ALTO Lounge Bar” кој што е сместен во срцето на Станич, и истиот бар претставува современ Lounge Bar изграден во ултра модерен стил кој што нуди удобност на гостите кои уживаат во зимската магија.

Токму во овој Lounge Bar ќе уживате во неговите удобности и предности како што се различните видови на кафе, повеќе видови на брза храна, вкусни италијански пици, и се разбира она што не може да се замисли Крушево, а тоа е традиционалниот надалеку познат “крушевски колбас”.

Сите патишта оваа недела водат кон убавото снежно Крушево, односно кон Станич каде што е лоциран “ALTO Lounge Bar”. 

Се гледаме таму!!!



Сподели го ова:

Слични објави