Директорот Илковски го пречека шпанскиот амбасадор во битолскиот Центар за култура

Сподели го ова:






























Вчера во малата сала на Центарот за култура се одржа проекција на филмот „Шампиони“ (Campeones) на која присуствуваа ученици од основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ и ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“ – Скопје (дисперзирани паралелки во Битола).

На проекцијата присуствуваше и Амбасадорот на Кралството Шпанија, Неговата Екселенција господинот Рафаел Сориано Ортиз, кого во Центарот за култура го пречекаа директорот Сашо Илковски и стручен соработник.

Настан исполнет со емоции, насмевки и топлина, кој нè потсети дека храброста, радоста и љубовта кон животот се најголемите човечки вредности.

фото: FB – Центар за култура Битола




Сподели го ова:

Слични објави