Членовите и тренерот на КБК „Максам“ денеска остварија средба со градоначалникот на општина Прилеп

Сподели го ова:
























Денес, градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески оствари средба со натпреварувачите и тренерот на КБК „Максам“ кои што имаат остварено одлични резултати, а меѓу се државни прваци, освојувачи на златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни турнири. Кик Бокс Клубот “Максам” од Прилеп, постои веќе 14 години како спортски центар за боречки спортови и е член на Кик Бокс Федерацијата на Македонија. Учествува на сите државни првенства и меѓународни натпревари во организација на Кик Бокс Федерацијата и ВАКО Светската Кик Бокс Организација. Во клубот тренираат машки и женски членови од сите возрасти.

“Бев известен дека до крајот на оваа година ги очекуваат уште неколку државни првенства и меѓународни турнири. Упатив огромна благодарност на целокупниот тим за придонесот кој што го прават како спортски клуб и за нивните репрезентативни настапи во кои што гордо го претставуваат Прилеп и Република Македонија.Општина Прилеп во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите спортисти и спортски клубови”-истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави