Убавина! Погледнете – падна првиот снег на “Ниже поле”
Синоќа падна првиот снег на Ниже поле, а снегот го оживеа овој скијачки центар. Впрочем снегот е како најава на успешната ски-сезона која набрзо треба да започне оваа година.
Скијањето на Нижеполе, беспрекорната услуга, уредениот паркинг простор се дополнителни атрибути кои Ски – центарот Нижеполе го прават посебно привлечно место со совршени услови за љубителите на зимските авантури, а за многубројните посетители секоја посета е несекојдневно искуство.