Црковните храмови со известување до верниците по повод претстојниот празник св. Архангел Михаил
Почитувани, во прилог Ви го пренесуваме известувањето од прилепските црковни храмови кое е упатено до верниците по повод претстојниот празник св. Архангел Михаил:
Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.
За претстојната слава, на св. арх. Михаил (Арангеловден), во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) и во храмот св. Петка во нас. Точила ,лепчиња ќе се креваат преку целиот ден во понеделник (20.11.2023) и тоа од 7:00 – 17.00. И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во вторникот ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.Честита слава на сите кои го чествуваат св. арх. Михаил како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!
ПОНЕДЕЛНИК НА 20ти
СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.30 до 17.30 часот.
СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА) – од 08.00 до 09.30 и од 15.30 до 17.00 часот.
СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.
СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.
На 21ви утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).
Нека светот Архангел Михаил се застапува за нас пред Господа, за да бидат примени нашите молитви и благодаренија. Напомош и за многу години на сите кои ја празнуваат оваа слава.