Учениците од ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп на креативен начин ја одбележаа Детската недела

Сподели го ова:


























Детската недела го слави правото на децата да уживаат во детството. Исто така тоа е време кога децата можат да ги покажат своите таленти, вештини и способности. Децата се нашата иднина, нашата надеж за подобро утре. Учениците од ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп на креативен начин ја одбележаа оваа годинешна детска недела.

“Оваа недела ја завршуваме со најважен настан, прием на првачињата во Детската организација. Ја одбележавме Детската недела под мотото „Јас и светот околу мене“. Учениците од четвртите одделенија за првачињата од нашето училиште подготвија пригодна програма. Програмата беше проследена во весела атмосфера и бурни ракоплескања од присутните ученици од првите одделенија како и нивните родители и родителите на учениците учесници во програмата.

Во активностите за Детската недела првачињата беа израдувани и со пригодни подароци подготвени од училиштето кои им ги подели Директорката од нашето училиште Снежана Котева.Првачињата го дадоа своето ветување дека ќе ги почитуваат наставниците дека ќе учат и меѓусебно ќе другаруваат.Поминувајќи под македонското знаме им посакавме: Среќно и весело детство и убави ученички денови” – истакнаа од ООУ Гоце Делчев – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави