Важно известување од прилепските црковни храмови по повод славата св. Никола
Прилепските црковни храмови, по повод претстојниот празник и претстојната славата св. Никола, упатуваат конкретно соопштение кое целосно Ви го пренесуваме во прилог:

Лепчињата ќе се креваат (прережуваат) во слава и чест на светителот, исклучиво во црквите.
НЕДЕЛА НА 17ти
СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.30 до 17.00 часот.
ПОНЕДЕЛНИК НА 18ти
СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.30 до 17.30 часот.
СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) – од 09.00 до 10.00 и од 15.30 до 16.30 часот.
СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.
СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.
На 19ти утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).
За претстојната слава, на СВЕТИ НИКОЛА, во храмот Св. Петка во нас. Точила и во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис), лепчиња ќе се креваат преку целиот ден, во НЕДЕЛАТА(17.12.2023) од 07:30 – 17.00 ЧАСОТ , во ПОНЕДЕЛНИКОТ ( 18.12.2023) од 07.30 до 17.00 ЧАСОТ И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во вторникот, САМО ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.
Честита слава на сите кои го чествуваат светиот Николај како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!Нека ни е за многу години и на помош!
