МВР откри неправилности во испитниот центар за полагање возачка за Битола, Прилеп, Крушево…

Сподели го ова:





























Колку за потсетување, на почетокот на јуни оваа тековна 2025 година, Авто- мото испитниот центар „Супер возач“, ја доби лиценца од Министерството за внатрешни работи со која во наредните пет години ќе ги реализира возачките испити за кандидатите од Прилеп, Битола, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод, а како што објавивме пред околу една недела лиценцираниот Авто-мото испитен центар “Супер возач” на нивната web страна споделија информација дека испитниот центар нема да закажува и спроведува испити од 12.08.2025 година па се до 13.09.2025 година – најдоцна.

Меѓутоа она што е ново, е тоа што од страна на МВР била спроведена инспекција во „Супер возач“ каде што било утврдено дека Испитниот центар не поседува соодветна документација за потребниот стручен кадар и возилата.

Покрај тоа, фирмата не водела и уредна еведенција.




Сподели го ова:

Слични објави