Илинденската коњаница пристигна во Крушево! Градоначалникот Чонески како вистински татко на градот, гордо и достоинствено ја пречека коњаницата
Во легендарното Крушево, денеска започнаа илинденските празнувања со пречекот на традиционалната илинденската коњаница од страна на крушевскиот градоначалник Нико Чонески, кој им посака топло добре дојде на сите присутни во Крушево.
Традиционалната илинденска коњаница и оваа година во Крушево го донесе оној патриотски дух, кој години наназад сведочи за македонскиот непокор и традиционалните македонски вредности.
“Денес во Крушево традиционално ја пречекавме Илинденската коњаница – симбол на непокорот, слободата и илинденскиот дух што со децении достоинствено се негува.
Нејзиното пристигнување е потсетник на храброста и пожртвуваноста на илинденците, како и на нашата обврска да ги чуваме и пренесуваме вредностите на Илинден на идните генерации.
Голема благодарност до сите коњаници кои и годинава, со љубов, почит и посветеност, го изодеа патот до Крушево. Над 140 коњаници од различни краеви на Македонија пристигнаа да го продолжат овој величествен традиционален марш и да ја донесат пораката за слобода и сеќавање на илинденските идеали.
Крушево, како град на Илинден и Крушевската Република, и годинава со гордост ги отвора своите врати за сите кои доаѓаат да му оддадат почит на најсветлиот датум во македонската историја” – истакна Чонески.


















