Градоначалникот на Битола организираше прием на гостите од фестивалот „Илинденски денови“

Сподели го ова:





























Цел свет на едно место. Така изминативе недели изгледаше Битола со фолклорни групи и ансамбли од САД- Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска и секако од земјата домаќин Македонија, кои беа учесници на фестивалот „Илинденски денови“.

“И оваа година организирав прием, односно фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“, кои изминативе недели ја разиграа Битола и ја обоија во боите на фолклорот.

Убаво беше да се слушнат нивните позитивни импресии од фестивалот, организацијата, гостопримството на градот, од убавините на Битола со своите културни и историски посебности.

На средбата истакнав дека во овој период Битола, посебно е разубавена, а светското шаренило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен. Ова пак истовремено значи и светска промоција на градот, кој го има овој фестивал и повеќе од половина век ја негува традицијата, но и ги отвара ширум своите врати за традициите во фолклорот на други народи.

Добрата соработка за градење силни културно – уметнички врски беше повод и за размена на пригодни подароци и промотивни материјали во знак на сеќавање на изданието на фестивалот кое беше едно од најдолгите во својата историја со голем број учесници, како домашни така и странски од различни делови на светот” – истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави