ИГОР ЏАМБАЗОВ: Збогум боемчиште…
Како што објавивме претходно, денеска на 67 годишна возраст почина актерот Митко Апостоловски. Врз основа на оваа голема загуба за уметноста и театарот во нашата земја, голем број на колеги на социјалните мрежи се простија од големиот талентиран актер, а меѓу нив беше и Игор Џамбазов, кој што со кратка, јасна и прецизна порака се збогува од својот пријател на социјалните мрежи: Збогум боемчиште… -напиша Џамбазов и сподели слика од неговиот драг колега.
Апостоловски дипломирал на Отсек за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје, а веднаш потоа една година работел во Народниот театар во Битола, како и 15 години во Народниот театар во Куманово, за да веќе од 1995 повторно се врати во Битолскиот театар.
Овој голем великан има одиграно бројни улоги на ТВ, во театар и на филм. „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“ „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и многу други се филмовите по кои ќе го памети Македонија овој голем великан на уметноста.