(денешни фотографии) ВНИМАВАЈТЕ: ПОВТОРНО ПРОБЛЕМИ СО РАМПАТА КАЈ НАСЕЛБАТА СТОЧЕН ПАЗАР ??

Сподели го ова:





Дали од ЈП “Македонски железници” конечно се свестија, и после неколкуте објави од stanica.mk одлучија да го поправат електричниот систем (трансформатор), кој што ја регулира рампата кога поминува возот кај прилепската населба “Сточен пазар”, а со тоа конечно се обезбеди безбедност на автомобилите и камионите кои поминуваат покрај овој железнички премин?

Нашата информативна екипа, денеска утрото околу 08 часот забележа како лице (најверојатно ангажирано или вработено во Македонски Железници) повторно работи кај електричниот систем (трансформатор) кај рампата во оваа прилепска населба, меѓутоа дали овој проблем е конечно остранет – останува знак прашалник. Како и да е, внимавајте кога преминувате покрај овој железнички премин. Зошто??

На 27.07.2022, повторно нашата информативна екипа додека беше на терен, забележа катастрофална глетка каде што недостасуваше само еден миг, возилата кои требаше да ја поминат пругата во населбата “Сточен пазар”, да завршат под возот кој поминуваше низ Прилеп, односно истиот се обраќаше на патниот правец Скопје-Битола. Имено, тој ден додека поминуваше возот по пругата во оваа прилепска населба, рампите повторно не беа пуштени, што искрено малку фалеше да загинат неколку прилепчани.

Колку за потсетување, нашата информативна екипа тој ден (27.07.2022) околу 12 часот на пладне забележа работници од Мак.железници како работат во електрониката близу рампата кај Сточен пазар, па врз основа на ова, помисливме дека конечно ќе се регулира сообрајќајот и рампата во населбата Сточен пазар. Меѓутоа, таквите обиди на вработените во Мак.железници беа сосема неуспешни, бидејќи истиот тој ден недостасуваше само еден миг, возилата кои требаше да ја поминат пругата во населбата “Сточен пазар”, да завршат под возот кој поминуваше низ Прилеп, односно истиот се обраќаше на патниот правец Скопје-Битола. Имено, тогаш додека поминуваше возот по пругата во оваа прилепска населба, рампите повторно не беа пуштени, што искрено малку фалеше да загинат неколку прилепчани.

Дали конечно од страна на Македонски железници е саниран овој проблем, очекуваме јасно и јавно да се произнесат и да ги информираат прилечани. Како и да е, наша препорака е кога поминувате кај рампата во прилепската населба Сточен пазар- внимавајте, бидејќи безбедноста е пред се!

Напомена: ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ТЕКСТОТ И СЛИКИТЕ ОД ОБЈАВАТА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ПОРТАЛИ, БЕЗ ОФИЦИЈАЛНА ДОЗВОЛА ОД ИНФОРМАТИВНИОТ ПОРТАЛ “STANICA.MK”



Сподели го ова:

Слични објави