И ВО ДЕМИР ХИСАР ПОСТОЈАНО СЕ РАБОТИ: Градоначалникот Најдовски, заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“-Гоце Мицковски, денеска извршија увид на градежните работи

Градоначалникот Најдовски, заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“-Демир Хисар Гоце Мицковски, денеска извршија увид на градежните работи во однос на тоа до каде е изградбата на:
-општинскиот пат,
-локалниот патен правец од с. Граиште до манастир Св. Тома,
-крак- патот од с.Вардино до манастир Св. Тома
Исто така беше спроведен и комплетен увид во работата каде што механизација на ЈКП „Комуналец“, вршеше расчистување и проширување на патот до населеното место Мало Илино.