И покрај се, нема кривично да одговара: Ученик претепа наставничка и нападна соученици во училиште

Сподели го ова:





























Во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае, ученик претепал наставничка. Немилиот настан започнал кога ученикот нападнал повеќе деца во училиштето за време на големиот одмор. Нападот го забележала дежурната наставничка по географија, која сакала да ги раздели учениците, а веднаш потоа ученикот ја турнал на земја, ја удирал по главата, при што веднаш потоа и го фрлил мобилниот телефон и упатувал закани.

Ученикот не може кривично да одговара, бидејќи е на возраст под 14 години.




Сподели го ова:

Слични објави