И МЕЧКАТА ПРЕТПОСТАВУВА КАДЕ Е МЕДОТ: Мечка влезе во дворот на поранешен пратеник од СДСМ

Сподели го ова:
























Љатиф Пајкоски – eкс пратеникот од СДСМ кој живее во Општина Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи соопшти дека во неговиот двор претходната вечер влегла мечка.

Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања” – истакна Пајкоски на својот профил на Фејсбук, каде ги објави и овие фотографии.




Сподели го ова:

Слични објави