За време на овој викенд променливо дождливо време со температури до 37 степени
Овој викенд ќе имаме променливо дождливо и топло време, проследено со локална умерена облачност. Попладне (во сабота и недела) ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи во некои делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Температурата во сабота ќе се движи до максимални 37 степени, а во недела максимална темепратура се оичекува да го достигне 36 степен.


















