|

И европските училишта, можат да позавидат на тоалетите на прилепското основно училиште “Климент Охридски”

Сподели го ова:























Ахил Јаков, иако само неполна година повторно е на директорската функција во ООУ “Климент Охридски” -Прилеп, сепак неговата работа може да се види на дело.

Имено, она што е нaјново сработено во ова основно прилепско училиште, се комплетно уредените ултра – модерни тоалети, кои што од сликите во прилог може да видите дека станува збор за убаво уредени училишни тоалети, кои се направени во детски стил – односно стил кој што е инспириран од ликовите од цртаните филмови. Со овој проект, завршува комплетната реконструкција на сите тоалети во кругот на ова училиште.

“Посебно макотрпен проект,заборавен од времето на минатиот век. Посебна благодарност за донацијата за комлетното сензорно осветлување на истите тоалети од фирмата Диадема од Прилеп. Се надевам со тек на времето нашето училиште ќе биде едно од најубавите во Македонија” – истакна Јаков, директорот на ООУ “Климент Охридски”-Прилеп. (Галеријата на слики следува веднаш после рекламата).



Сподели го ова:

Слични објави