Филип Стевановски – човекот кој што одлично познава “како дише” центарот за култура во Штип, е новиот директор на НУЦК „Ацо Шопов“
Филип Стевановски е новиот директор на Националната Установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски, на македонската јавност а и пошироко, и е познат како врвен продуцент, пијанист, тромбонист и успешен композитор. Освен сето ова, Стеваноски е композитор, магистар по џез науки, а воедно беше и вработен како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ -Штип.

Овој наш докажан уметник, го предводеше и мини оркестарот кој на последното издание на Мак Фест за првпат ги придружуваше сите учесници, а исто така Филип Стевановски е и директор на детскиот фестивал „Весело Штурче“ во Штип.
Со Решение од Министерството за култура, веќе неколку дена е директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип.















