БЛОКАДИ НА ПАТОТ: Денеска, регионалниот патен правец “Битола – Ресен – Охрид”, ќе биде блокиран од 10 до 12 часот поради протестен собир на овоштарите

Сподели го ова:























Денеска од 10 до 12 часот ќе биде блокиран Регионалниот патен правец “Битола – Ресен – Охрид”, заради протестниот собир на овоштарите од Преспа, кој ќе се одржи на м.в „Макази“. Овој протест произлегува како резултат на неисплатениот надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови, врз овошните насади од неколку години.

Овоштарите, истакнуваат дека овој протест е неизбежен, бидејќи Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари. Овоштарите, бараат итна средба со премиерот Ковачевски, како и со министерот Бесими за решавање на проблемот во пресрет на бербата на јаболка, која започнува за околу еден месец.



Сподели го ова:

Слични објави